Невестите од Албанија го зголемија наталитетот во Македонски Брод

Селото Косово, Македонски Брод е едно од ретките планински села каде се зголемува наталитетот. Скоро сите млади се во брак и имаат по 2-3 дечиња. Наталитетот започнал да се зголемува кога ергените од Косово, си нашле невести од Албанија.

Таков е случајот и со Боге Мицкоски, кој сега има три деца. Вели овој пример треба да го следат и другите села.

-Им препорачуваме и тие да одат во Албанија или по другите држави и да си најдат невеста. Девојките од таму сакаат да дојдат тука, само тие треба да појдат таму и да ги земат, вели Боге Мицкоски, жител на с. Косово за МРТ.

Рената Каранфилоска тука дошла од Свети Николе, и сега заедно со сопругот Дејан имаат три деца.

-Воопшто не ми пречи тоа што сум дојдена во село. Подобро е да се живее во село отколку во град, затоа што тука има повеќе услови за работа, земјоделие, сточарство, а во градот нема ништо, рече Рената Каранфилоска, жител на с. Косово.

Жителите на Косово велат дека децата се најголемото богатство.

-Тоа ја прави среќата, потомството, и парите и се останато се печали, но семејството треба да биде пред се, кажа Цуте Трајкоски, жител на с. Косово.

-Имаме во селото уште три ергени и сега се трудиме и нив да ги ожениме и тие да формираат свое семејство, вели Горан Анѓелковски, жител на с. Косово.

-Некои ергени се плашат, некои велат дека немаат пари, а за добар брак јас сметам дека парите воопшто не треба да играат улога, кажа Дејан Каранфилоски, жител на с. Косово.

Поради зголемениот број на деца општината после 20 години го рестартира и реновира училиштето. Досега децата учеле во друго село. Општината го помага зголемувањето на наталитетот и со други мерки.

 

 

Оцени ја веста

19.01.2015 - 09:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега