Иванов за Водици во Тетово и во Гостивар

Претседателот Ѓорге Иванов денеска ќе присуствува на одбележување на големиот христијански празник Богојавление - Водици во Тетово и во Гостивар.

Во Тетово претседателот Иванов ќе присуствува на богослужбата во Соборниот храм „Свети Кирил и Методиј“, со која ќе чиноначалствува митрополитот тетовско-гостиварски г. Јосиф и на церемонијата на положување на светиот крст.  

Во Гостивар во Соборниот храм „Успение на Пресвета Богородица“, македонскиот претседател ќе се приклучи кон литијата која тргнува од Соборниот храм и се упатува кон мостот на реката Вардар за присуство на чинот на положување на светиот крст.

 

 

Оцени ја веста

19.01.2015 - 09:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега