Времен сообраќаен режим за празникот Богојавление

Поради чествувањето на големиот христијански празник Богојавление (Водици) денеска кај мостот „Слобода“ (во близина на хотелот „Холидеј Ин“), во период од 10:30 до 13:30 часот, ќе биде затворенa за сообраќај улицата „Филип Втори Македонски“ и тоа од крстосница со булевар „Гоце Делчев“ до крстосницата со булеварот „11 Октомври“ и улицата „Даме Груев“, соопшти Град Скопје.

Автобусите кои ги опслужуваат автобуските линии со број 16,17А, 50, 57 и 59 ќе бидат пренасочени по булеварот „Кочо Рацин“ и булеварот „Крсте Петков Мисирков“ и во двете насоки. Во овој период корисниците на градскиот превоз ќе ги користат постојните автобуски стојалишта на претходно споменатите улици.

Од градот Скопје апелираат сите учесници во сообраќајот да се придржуваат на времено воведениот режим. 

 

 

Оцени ја веста

19.01.2015 - 09:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа