Јанакиески: Побезбеден транспорт со изградба на патот Бошков Мост-Дебар

Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, денеска беше во работна посета на општина Маврово и Ростуше, при што оствари средба со граѓани и заедно со градоначалникот Мукрем Мехмеди ја пуштија во употреба реконструираната главна водоводна линија во населеното место Ростуше.

Јанакиески го потенцираше значењето на проектот кој е со вкупна инвестициона вредност од околу 8 милиони денари, изградени се 4 краци на водоводната линија со што се овозможи непречен проток за жителите и се реши еден долгогодишен проблем со кој се соочуваа жителите од Ростуше.

-Ваквите проекти се од огромно значење за жителите на овие населени места и ние како Влада, секојдневно ги слушаме повиците од граѓаните, излегуваме на терен и ги решаваме нивните проблеми, посочи министерот.

Тој со особен акцент оваа година го најави отпочнувањето на изградба на патниот правец Бошков мост-Дебар, инвестиција од 8 милиони евра со која значително ќе се подобри патната мрежа за побезбеден и ефикасен транспорт.

 -Во тој контекст токму во соработката на централната и локалната власт целта ни е да создадеме услови за поквалитетен живот за жителите на оваа општина и забрзан локален економски развој, истакна Јанакиески.

Во континуитет проектите во делот на комуналната инфраструктура остануваат приоритет на Министерството за транспорт и врски, фокусирани во создавње на  услови за подобар квалитет на живот на граѓаните.

 

 

Оцени ја веста

18.01.2015 - 15:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа