УЈП „удри“ и по угостителските објекти во Кичево

Припадници на ПС од ОН Кичево во содејство со инспекциски служби на Управата за јавни приходи и Државниот пазарен инспекторат вчера (17.01), извршија акциска контрола во седум угостителски објекти на подрачјето на Кичево (Маестро, Висаж,  Вола, Малоо, Ериони, Бела Кула-Ком“, Фиредевс-Трејд).

Притоа во контролите е констатирано следното: Во кафе бар “Ериони” од страна на ДПИ изречена е глоба по основ на Законот за заштита од пушење и тоа во висина од 2.000 евра во денарска противвредност за правното лице и 300 евра за одговорното лице во правното лице, како и една глоба од 150 евра за едно физичко лице затекнато со цигара во локалот. Потоа во кафе бар “Бела Кула-Ком” од страна на ДПИ поради немање нормативи за храна и пијалоци изречена глоба од 1.200 евра на правно лице и глоба од 300 евра на одговорно во правно лице, а пак од страна на УЈП поради немање фискален апарат изречена е глоба од 3.250 евра во денарска противвредност (2500 евра за правното лице и 750 евра за одговорното лице во правното лице), како и времена мерка - забрана за вршење дејност од 30 дена. И во кафетерија “Фиредевс-Трејд” исто така поради немање норматив за храна и пијалоциизречена е од страна на ДПИ глоба од 1.200 евра на правно лице и глоба од 300 евра на одговорно во правно лице а пак од страна на УЈП поради неводење книга за дневен финансиски извештај изречени се глоби од 2.000 евра за правното лице и 800 евра за одговорно во правно лице.

 

Сумарно на подрачјето на СВР Охрид во изминативе три дена (во Охрид, Струга Кичево и Дебар) извршени беа контроли во 36 угостителски објекти при што во 11 од нив беа констатирани неправилности од страна на УЈП и ДПИ. Притоа без изречени глоби во висина над 35.000 евра, а изречени беа и шест времени забрани за вршење дејност три во траење од по 15 дена и три во траење од по 30 дена. Исто така на пет физички лица затекнати со цигари во локалите од страна на УПС им беа изречени глоби од по 150 евра.  

 

 

Оцени ја веста

18.01.2015 - 14:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега