Каде ќе биде премиерот Груевски за Водици?

Премиерот Никола Груевски утрешниот голем христијански празник ќе го прослави меѓу верниците во Велес. Тој денеска ја упати и честитката за Водици до сите верници и до поглаварот на Македонската православна црква.

Денес, кога во целиот православен свет, во сите наши градови и во сите места каде што живеат Македонците, се слави еден од основните столбови на христијанските празници, во мое лично име и во име на Владата на Република Македонија, Вам лично, на Вашето свештенство и монаштво, како и на сите православни верници во Република Македонија и дијаспората, Ви упатувам честитки по повод големиот христијански празник, Богојавление – Водици.

Прославувањето на оваа света тајна на христијанството е длабоко врежано во вековната православна традиција, во нашето живеење во верата и богоугодниот пат. Токму затоа, секоја година со радост го прославуваме овој голем празник, присетувајќи се на потребата од силна верба и покајание, од чиста мисла и трпение. Денес, прославувајќи го големиот празник да се помолиме за нашите семејства, нашите блиски и нашата држава. Да се помолиме за топлина, надеж и чистина на душата во секој од нас. Нека Бог ги чуе нашите молитви и нека ја благослови нашата земја, водите кои течат низ неа и сите наши граѓани.

Ви посакувам бериќетна година исполнета со многу здравје и успех !

Нека ни е честит големиот христијански празник !

БОГ СЕ ЈАВИ !

НАВИСТИНА СЕ ЈАВИ !

 

 

Оцени ја веста

18.01.2015 - 14:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега