Наставата во кочанските училишта во вторник редовно ќе започне

Наставата во петте основни училишта заедно со подрачните и двете средни училишта во општина Кочани во вторник редовно ќе започне.

Училиштата се снабдени со нафта и други горива за успешно одвивање на зимската грејна сезона, а во меѓувреме се подмирени и обврските за останатите комунални услуги и превоз на учениците.

Ова е заклучокот од средбата на градоначаникот на Кочани Ратко Димитровски со директорите на училиштата и детската градинка „Павлина Велјанова“.

- На средбата со директорите беше истакнато дека се создадени услови за нормален почеток на наставата од второто полугодие. Најавениот штрајк на СОНК во кочанските основни и средни училишта за вработените наставници и професори е неприфатлив. Во излагањата директорите беа едногласни дека штрајк во образованието не е потребен во овој момент и дека вработените од образованието не го прифаќаат, изјави градоначалникот Димитровски.

Наставата во Кочани се следи во пет основни и седум подрачни училишта, како и во две средни училишта во градот и населените места.

 

 

Оцени ја веста

18.01.2015 - 12:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега