Со палење на маските завршува Вевчанскиот карневал

Со палење на маските денеска завршува годинашното издание на Вевчанскиот карневал. Освен традиционалните Зет, Невеста и Глупавиот Август и годинава  во Вевчани преку маска дојде и Субрата Рој, баба Рада, Јужен поток „Г’ез пром“, а дел од дефилето беа маските кои ги оживеаја студентските протести, работењето на „Македонија пат“, актуелните случувања во Франција, странските инвестиции во Македонија и уште многу други настани.

Вевчанци по палење на маските почнуваат да размислуваат на какви маски ќе работат за следната година. 
 
Вевчани го посетија неколку илјади гости кои уживаа во сатиричните приказни на василичарите. Екипа на светскиот сервис на Би Би Си снимаше документарен филм за карневалската манифестација која започна на 9 јануари, со промоција на книги и уметнички изложби.
 
Вевчанскиот карневал се смета дека опстојува  над 1400 години.
 

 

Оцени ја веста

14.01.2015 - 09:37
Фото: 
вести.мк

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега