40 дечиња заминаа на зимување во Пелистер

Група од четириесет деца од подрачјето на општините Делчево и Македонска Каменица заминаа на бесплатно зимување во одморалиштето на Пелистер.

Во групата се опфатени деца од семејства во социјален ризик и деца без родители и родителска грижа, евидентирани во Маѓуопштинскиот центар за социјални работи.

Бесплатниот зимски одмор е во организација на Владата на Република Македонија, преку ресорното министерство за труд и социјална политика.

До сега бесплатен одмор користеле 8.000 деца од државата, а годинава тоа ќе им биде овозможено на илјада деца.

 

 

Оцени ја веста

09.01.2015 - 10:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега