Првото бебе во Гевгелија во оваа година е машко

Првото новородено бебе во Новата година во Општата болница во Гевгелија е машко.

Мара и Костадин Ајцеви од Гевгелија денеска добија син, кого по традиција го посетија градоначалникот Иван Франгов и претседателот на општинскиот Совет, Драги Хаџи-Николов, пишува МИА.

На новороденчето и неговата мајка, градоначалникот Франгов им посака добро здравје и радост, а на новороденчето му подари 10.000 денари и пакет со козметички производи. Покрај ова на малиот Ѓорѓи Ајцев му следуваат и 6.000 денари кои општината ги доделува на секое новородено бебе.

Минатата година во општина Гевгелија биле родени 172 бебиња на кои од страна на градоначалникот Франгов им биле доделени по 6.000 денари.

 

 

Оцени ја веста

08.01.2015 - 15:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега