Прв пат по децении: Божиќна литија во Кичево (ФОТО)

Божиќна литија составена од неколку десетини дечиња, празник за очи и душа, ги украси кичевските улици.

Оваа традиција, забранета пред неколку децении, вчера повторно се одржа, на денот на Христовото рождество. Најмалото од дечињата имаше само 2 години.

Поворката пеејќи ја песната „Вечниот Бог“ тргна од православниот храм „Свети Апстоли Петар и Павле“ по кичевските улици. Песната ја вежбале изминатиот месец.  Дечињата носејќи макета која ја симболизираше пештерата во која се родил Исус Христос, посетија повеќе домови каде беа дарувани со традиционалните подароци костенчиња, бонбончиња, ситни парички.

Кон поворката со дечињата се приклучи и Влатко Лозаноски кој исто така ја пееше песната „Вечниот Бог“.

Поворката заврши таму и од каде што почна, во црквата Свети Петар и Павле, каде дечињата беа дарувани од свештениците.

Оцени ја веста

08.01.2015 - 14:45

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега