Од понеделник нова цена на горивата

Цената на нафтата продолжува да паѓа. Европскиот „бренд“ падна под психолошката граница од 50 долари.

Црното злато двојно поевтини, поради превисоката понуда и забавувањето на растот на главните светски економии.

Пониски малопродажни цени на нафтата и горивата од понеделник може да очекуваат и македонските граѓани кога се очекува Регулаторната комисија да излезе со ново соопштение за новите цени на горивата. Засега не може точно да се каже за колку ќе поевтинат горивата, но благодарение на падот на цената на „црното злато“ на светските берзи, што би требало да донесе поголем пад на цената и кај нас.

Во моментов во Македонија цената на горивата е меѓу најниските во последните неколку години. Така цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 62,00 ден/лит, на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 63,50 ден/лит, а на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 52,50 ден/лит.

 

 

 

 

Оцени ја веста

08.01.2015 - 12:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа