УГД со поддршка за реформите во високото образование

На предлог на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, Владата и МОН прифатија студентите да полагаат една половина од предметите во третата студиска година, независно дали го положиле или не првиот дел од државниот испит на крајот од втората студиска година, пренесе МИА.

- Ова е во релација со нашите одлуки и заклучоци на Наставно-научниот совет на факултетите, на Ректорската управа и на Сенатот - да не се прекинува наставниот процес со државниот испит. Државата од своја страна, ако така оцени, има право да организира проверка на стекнатото знаење на универзитетите преку државни испити или други форми на проверка на знаењето, смета ректорот на Штипскиот универзитет Саша Митрев. 

Во врска со предлогот кој се однесува на зголемувањето на бројот на објавени публикации од професорите во реномирани научни списанија, односно списанија кои се опфатени со научната база Web of Science и нивното вреднување при изборот на професорите во наставно-научни звања, за УГД-Штип е темелна определба уште од неговото основање, пренесе МИА.

Според Митрев, овој став за УГД е во целост прифатлив и е многу прецизно уреден во постоечките правилници на Штипскиот универзитет за избор во наставно-научно звање.

- Врз основа на ова, УГД нема никакви пречки да ги поддржи измените во Законот за високо образование, смета Митрев, кој во обраќањето до деканите и до другите членови на академската заедница посочува дека имаат право на сопствен личен став и мислење и немаат никакви задршки или институционални пречки од ректорот, Ректорската управа или Сенатот.

 

 

Оцени ја веста

08.01.2015 - 09:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега