„Почнав да си го продавам моето тело бидејќи бев многу сиромашно девојче“

 

47-годишната Дениз од Британија за јавноста си ја разголе душата и призна дека во младоста се занимавача со елитна проституција и дека добивала многу скапи подароци.

Нејзината приказна започнала исто како и на останатите девојки кои телото си го продаваат за пари. Имала сиромашно детство кое го поминала во Њукасл и силна желба за добар изглед, па направила операција на градите со парите што ги заработила макотрпно работејќи во продавница.

– Пронајдов агент па почнав да позирам за магазини, календари…Успехот не дојде веднаш, но во своите рани 20-ти сепак бев многу позната, па заминав во Лондон. Таму имаше голем број девојки од северна Англија, а меѓу нив беше Хедер Милс. Сите се грижевме една за друга, раскажува Дениз.

Другите девојки исто работеле како манекенки, но забележала дека дел од нив се полни со пари. Открила дека работат како ескорт дами и набрзо и самата влегла во тој свет. Се качила во авион за Мадрид со милијардер и трговец за оружје Аднан Кашогиј.

Дениз излегла од проституцијата кога се заљубила во Тони Пиџлиј и започнала со него врска, која се крунисала со ќерка, за жал следувал болен развод. па морала да се врати на стариот занает за да ги финансира судските трошоци.

 

 

Оцени ја веста

05.01.2015 - 14:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега