Двајца скијачи загинаа во лавина во Австрија
Австриската шумска спасувачка служба пронајде тела на двајца скијачи во местото Селден. Тие биле затрупани од лавина.
Според првичните информации, жртвите се Америкаци и сами ја придвижиле лавината.
Во тој дел од планината во австриската покраина Тирол во сила е трет степен предупредување од лавини.
Американските туристи прво скијале на 3.056 метри високиот Гаислахкогел, а потоа заминале од безбедните патеки.
Оцени ја веста
05.01.2015 - 13:52
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа