По цели 10 години Џенифер Анистон прозборе за разводот со Бред Пит
Актерката Џенифер Анистон конечно прозборе за разводот со познатиот актер Бред Пит, кој пред десет години ја остави поради Анџелина Џоли.
- Разводот не беше толку болен. Ме следи таа приказна бидејќи им е интересна на медиумите и на публиката, сѐ тоа е малку пренапумпано, изјавила Анистон.
Иако се пишуваше по американските медиуми дека тие не се поднесуваат по разводот, изгледа дека вистината е поинаква.
- Си упативме добри желби по разводот, но не сме постојано во контакт, изјавила актерката.
Во интервјуто таа прозборе и за својот вереник Џастин Терокс и за постојаните трачеви кои кружат дека се разделиле.
Ние си ја знаеме нашата вистина, само трачевите се постојани, вели Џенифер, која и понатаму е една од најпопуларните актерки во Холивуд, а се шушка дека ќе добие бројни награди благодарение на улогата во драмата „Cake“.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа