Ниту една држава не победила невреме!

Со големите невремиња, ниту една држава никогаш не успеала да се справи. 

Тешките временски услови нападнаа голем број на земји, а невремето е посилно од секоја држава.

Додека во Македонија снегот падна, а температурите вртоглаво се спуштија, со невреме се соочуваат и речиси сите страни на светот.

Снежните наноси на Алпите завеаја 15.000 автомобили, а имаше и една жртва.

Снежното невреме Херкулес во САД предизвика 11 смртни случаи.

Во Бафало, Њујорк, во ноември месец годинава наврнаа 1,6 метри снег, а само еден ден подоцна уште 1 метар снег ја покри областа.

Најмалку 13 жртви однесе невремето со себе, во првите 48 часа.

Локалните власти безуспешно се обидуваа да стават ред во хаотичното невреме, додека стотици илјади луѓе беа заробени во своите домови, потрупани со снег и без начин да излезат надвор.

Илјадници и илјадници луѓе останаа заробени во своите автомобили на автопатиштата.

На почетокот од октомври месец годинава, 39 луѓе загинаа додека се искачуваа на Анапурна, откако неочекувана и ужасна бура го зафати регионот.

Најмалку 17 туристи починаа поради студ и потрупување со снег, последица на ладното време, екстремно обилните врнежи од снег и исклучително малата видливост.

На островот Санта Каталина во Калифорнија загинаа две лица откако неверојатно силните ветришта предизвикаа излевање на водата околу пристаништето Авалон.

Ветриштата се повеќе се засилуваа, а исто и висината на брановите, а локалните власти очајно се обидуваа да се справат со последиците.

Какви се температурите на Балканот?

Бугарскиот национален метеоролошки и хидролошки завод предупредува на екстремен студ и ветер во цела земја. Освен на брегот на Црното Море, температурите во текот на денот никаде нема да бидат повисоки од -7 степени.

Три лица во Бугарија починаа како последица на премрзнување.

Во Србија, каде има двајца починати од студ, температурите нема да надминат -6 степени. На отворено во Белград е до -12 степени.

Најладно ќе биде на планините околу Сараево, каде се очекуваат температури и до -23 степени, а во самиот град температурата денеска е -10 степени.

На црногорските планини беше -17 степени Целзиусови.

 

 

Оцени ја веста

02.01.2015 - 11:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа