Тетово и Берово најстудени градови утринава - Македонија мрзне

Минимални температури до - 19 степени се измерени ноќеска во Македонија. Најладно било во Тетово, а најтопло во Гевгелија.

Според Управата за хидрометеоролошки работи, во Тетово се измерени - 19 степени, во Битола и Берово -18, во Прилеп -17, во Скопје (Петровец) и Маврово -16, Крушево - 15, Скопје (Зајчев рид) и Демир Капија -13, во Куманово, Претор и Виница -12, во Охрид и Штип -11, Струмица -10, Дојран - 6 и Гевгелија -4.

Во текот на денот времето ќе биде сончево и студено со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од -6 до 3 степени.

Во Скопје слично време со температура до -1 степен.

 

 

 

 

Оцени ја веста

02.01.2015 - 09:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа