Кинотека на Македонија ја почнува годината со „Ново киноутро“

Кинотека на Македонија и оваа година ќе ја почне со традиционалното „Ново киноутро“ во чии рамки ќе бидат прикажани Штрумфови, Вини Пу, Мапетите, На Марс му требаат мајки, Авантурите на Тин Тин и Приказна за играчките (трет дел).

Проекциите се секој викенд напладне, почнувајќи од идниот, 8 и 9 јануари.

На програмата овој месец се и два македонски „рокументарци“ - „Ако никој не свири“ (15 и 16 јануари) и „Денот да е радосен“ (17 и 18 јануари).

„Ако никој не свири“, од 2010 година, е филм за Васко од „Бернајс пропаганда“ и за почетоците на неговиот бенд, за неговата и за истрајноста на неговите соработници да издржат во настојувањата да свират кога ретко кој свири.

„Денот да е радосен“, кој премиерата ја имаше на Синедејс пред неколку месеци, зборува за бендот Културно уметнички работници.

Првата вечер од „Денот да е радосен“ во Кинотека е планиран и акустичен настап на Културно уметнички работници.

 

 

Оцени ја веста

02.01.2015 - 09:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега