Првите активности на пратениците годинава на 8 јануари

Првата закажана активност на Собранието на Република Македонија оваа година е на 8 јануари, кога седници треба да одржат комисиите за образование и наука, за труд и социјална политика, за земјоделство, шумарство и водостопанство и Законодавно-правната комисија.  

На 9 јануари членовите на Комисијата за уставни прашања ќе ги разгледуваат осумте Предлог - амандмани на Уставот, што Владата ги достави до нив на крајот на минатиот месец.

Првата седница за 2015 година е закажана на 13 јануари, додека на седницата за уставните амандмани е закажана за 20 декември.

 

 

Оцени ја веста

02.01.2015 - 09:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа