Дебарца, Вевчани, Велешта и други критични места добија електирчна енергија

Екипите на ЕВН Македонија санираа поголем број на дефекти настанати од интензивните снежни врнежи и силнот ветер по што состојбата со електро снабдувањето во кризните региони полека се нормализира.  

Доцна попладнето отстранети се дефектите на двете 35 Кв врски од Струга кон Суво поле од каде што со електричната енергија се напојуваат Вевчани, Велешта и околните села. Отстранет е и дефектот на 35 кВ трафостаница од каде со електрична енергија се напојува Лабуништа и нормализирано е снабдувањето на повеке населени места на тој потег.Во охридскиот регион состојбата е нормализира. Оспособени се 10 кВ и 35 кВ далновод на потегот кон Градиште со што корисниците од овој регион имаат сигурно снабдување со електрична енергија. 

Критични точки во снабдувањето сеуште има во струшкиот и дебарскиот регион и екипите на ЕВН Македонија интензивно работат на отстранување на дефектите. Во струшкиот регион на потегот околу Луково и Јабланица столбови се тешко пристапни, и екипите на ЕВН тешко се пробиваат до нив, но и вечерва и утре ќе се оди со засилени снимања на теренот и ќе се работи на тоа да се нормализира снабдувањето.

Најкритични се селата во Дебарскиот регион во Реканскиот крај на потегот од Жировница до Бошков мост, таму комплетно е уништена дистрибутивната мрежа, и 35 кВ далекувод и 10 кВ далекувод. На овој потег се прави една нова врска, за само еден ден се подигна сосема нов далекувод од 12 столба, но двата затегнувачки столба кои ја прават врската преку Дебарско езеро се урнати од ветрот и снегот и заедно со проводникот се во езерото. Ваквата состојба дополнително ги отежнува оперативните работи на терен. За да се најде решение во најбрз рок, се изготвува сосема ново техничко решение и со засиелени екипи ќе се реализира ова ново решение кое е привремено додека да се смири лошото време и не се оспособи 35 кВ далекувод. 

 

Екипите на ЕВН се подржани од екипи на МВР со санки и заедно прават увид на местата каде што има проблеми во снабдувањето. Како се расчистуваат патиштата и приодите до енергетските објекти така екипите на ЕВН ги отстрануваат дeфектите.Имајќи во предвид дека станува збор за големи дефекти односно голем број на проводници се искинати и паднати се повеќе столбови на далекуводите, апелираме до граѓаните да не се впуштаат во санирање на состојбите на своја рака, бидејќи тоа ќе ги доведе во голема опасност.

 

 

Оцени ја веста

01.01.2015 - 23:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега