Во Битола женско, во Куманово машко - многу бебенца на стартот на 2015

Првото новороденче во Битола е женско, а во првите часови од новата 2015 година се родиле уште три бебиња. 

Клиничка болница - Битола информира дека во текот на ноќта во Одделението за ургентна медицина биле примени десеттина лица на различна возраст со мачинини во стомакот и висок крвен притисок, а на пет им била потребна детоксикација.

Првото бебе во Куманово е машко, а тоа е второ дете на  Изнуре Адеми од село Отља. Бебето родено е во пет часот и пет минути по полноќ.
 
Градоначалникот на општина Куманово, Зоран Дамјановски, посакувајќи му многу здравје и долг живот на бебето, му подари златник и пригодни подароци.
 
Новороденчето и мајката добија пригодни подароци и од директорот на болницата,Ариф Љатифи кој оцени дека новогодишната ноќ била релативно успешна за акушерското одделение од болницата.
 
Според шефот на акушерското одделение и родилна сала, доктор Лидија Јовчевска Ивановска просечно во Куманово се раѓаат 1600 бебиња годишно, близу 2 проценти повеќе се раѓаат машки бебиња.
 

 

Оцени ја веста

01.01.2015 - 14:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега