На албанската телевизија за прв пат новогодишна честитка на македонски јазик

На албанската државна телевизија попладнево првпат ќе се слушне и македонкиот јазик. Во дневникот во 16:30 и во централниот дневник во 20:30 часот ќе биде емитувана честитка по повод Новата 2015 година, која ја упатува Нико Китани, член на Државниот комитет за малцинства при албанската влада.  

- Ова е историски чин. Првпат на државната телевизија ќе се чуе македонскиот јазик. Станува збор за новогодишна честитка во која посакуваме здравје, среќа, балогостојба. Како што и ни беше ветено, честитки ќе има и на јазиците на другите етнички заедници, грчки, влашки, српски и ромски, вели Китани, претставник на Македонците во комитетот, чиј прв човек е Гркинката Констандина Бежани.  Ова е само мал, но многу значаен дел од ветувањата дадени на средбата на државниот комитет со релеватни структури, меѓу кои и вториот човек на албанската државна телевизија, Енѓел Ндоцај, на почетокот на овој месец. Според добиените ветувања, во новата година треба да се почне емитување еднаш неделно информативни и други емисии за животот, културата и традициите на малцинствата. 

 

 

Оцени ја веста

01.01.2015 - 12:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа