Време е за снежни лудории: Отворена скијачката сезона на Попова Шапка

Скијачката сезона во скијачкиот центар Попова Шапка и официјално почна. Снежната покривка е околу 60 сантиметри што овозможува речиси идеални услови за скијање и санкање.

Скијањето вчера беше бесплатно, а се најавува и ноќно скијање. Според директорот на скијачкиот центар Перо Димитриески, новите врнежи снег ќе овозможат сите скијачки патеки и ски лифтови наскоро целосно да профункционираат. На Попова шапка има седум ски лифтови и две жичарници.

- Моментно функционираат ски лифтовите на Аеродром и Ге. Следните денови ќе ги пуштиме и останатите но за Церипашина ќе ни биде потребно уште врнежи од снег  најмалку околу 20 сантиметри. Сите жичарници и ски лифтови се целосно обновени со нови сајли. Очекуваме за време на новогодишните и божиќни празнувања, како и зимскиот распуст многу туристи од земјава и странство, изјави Димитриески.

 

 

 

Оцени ја веста

01.01.2015 - 10:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега