Три лица починаа од студ во Бугарија

Како што јавија бугарските медиуми, во земјата во последните два дена починале три лица како последица на „сибирскиот студ“, проследен со снежно невреме.

Еден болен починал во амбулантно возило, кое останало заглавено во снегот движејќи се кон болницата во северниот бугарски град Лом.

Во близина на градот Враца во северозападна Бугарија, еден 56-годишен маж измрзнал до смрт  во својот автомобил, откако останал заглавен на патот. Во селото Барзина во реонот на Враца телото на еден 90-годишник било пронајдено измрзнато во дворот на неговата куќа. 

Бугарската служба за цивилна заштита во текот на вчерашниот ден евакуирала околу 320 лица и деблокирала 640 возила, кои останале завеани во снегот во северните делови на земјата.

Поради невремето без електрична енергија се десетици села во северна Бугарија.

Синоптичарите предвидуваат дека во текот на новогодишната ноќ температуруте во Бугарија ќе се симнат и до минус 15 степени, а за следните денови се прогнозира и уште постудено време.

 

 

Оцени ја веста

31.12.2014 - 09:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега