Поради партија голф на Обама одложена свадба
Брачна двојка, двајца капетани во армијата на САД, морале да го заменат местото за долго чеканата свадба затоа што плановите се вкрстиле со одморот на американскиот претседател Барак Обама.
Двојката требало да се венча вчера на воениот терен за голф на Хаваите каде претстојува Обама со семејството.
На денот пред закажаната церемонија им било речено дека мораат да ја поместат свадбата планирана во близина на 16-та дупка, затоа што Обама и неговите пријатели планираат да играат голф.
Белата куќа дознала за свадбата дополнително, но Обама ги поканил младите да им се извини и да им честита.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа