Снег ја парализира северозападна Бугарија

Снежни врнежи и наноси до три метри го парализираа северозападниот дел од Бугарија.

Државната агенција Патна инфраструктура ги предупреди возачите дека без поголеми потреби да не патуваат на подрачјето на окрузите Видин, Монтана, Враца, Плевен и Ловеч.

Од патот Монтана-Лом се извлечени 200 возила кои со часови беа во снежна блокада.

Метеоролошката состојба  во северозападна Бугарија е исклучително тешка при што урагански ветар предизвика наноси и ограничува видливост на патиштата. 

 

 

Оцени ја веста

30.12.2014 - 10:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега