Во Грција пристигнаа 112 луѓе кои се спасени од фериботот „Норман Атлантик“

Во Грција пристигнаа 112 патници од фериботот Норман Атлантик што во неделата се запали во Јадранското Море. Тие беа пренесени со воен авион и со брод, јави телевизискиот канал Скај.

Четириесет Грци и тројца странци пристигнаа синоќа со воен транспортер на аеродромот во Елевсина близу Атина. Уште 69 патници пристигнаа на пристаништето Игуменица со товарен брод.

Засега нема информации дали италијанските спасувачки тимови кои го пребаруваат фериботот успеале да влезат во внатрешните товарни палуби каде има над 200 автомобили и камиони.

Досега е потврдено загинувањето на десет луѓе.

Точниот број на патници останува непознат бидејќи грчките и италијанските власти објавија различни податоци. Ситуацијата се усложнува откако меѓу спасените се луѓе кои не фигурираат на списоците на патници. Според телевизијата Раи, има 80 луѓе спасени кои не се во списоците на патници.

 

 

Оцени ја веста

30.12.2014 - 09:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа