Македонија окована во студ и мраз - од утре - 16

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно и студено, претпладне со локален снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер.

Температура во Македонија ќе се движи од минус пет до три степени.

Утрово најниска температура е забележана во Маврово - 7 и во Крушево - 6. Во Скопје се измерени - 2, а над нула е само во Гевгелија со 4 степени.

Студеното време ќе продолжи и во наредните денови. Минималната температура утре ќе достигне - 16, задутре - 15 и на 1 јануари - 14 степени. И дневните температури нема да ја надминат нулата.

 

 

Оцени ја веста

29.12.2014 - 10:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега