Урнебес: Таткото Џек Даниелс го крсти синот Џим Бим

Еден Американец со навистина интересно име и презиме, на својот син му даде уште поинтересно и поуникатно име.

Американецот Џек Даниелс својот син го крстил Џим Бим, по најпродаваното виски во светот.

-Родителите мене ме крстиле вака за инает на нивните роднини, но ова во нашето семејство стана интересна традиција, вели 31-годишниот Џек Даниелс.

Тој додаде дека заедно со неговата сопруга Лидија се договориле нивниот син да се вика Џим Бим уште пред да се венчаат, бидејќи сметале дека тоа е добра идеја.

Двајцата додаваат дека ако имаат ќерка, ќе ја крстат Шери.

 

 

Оцени ја веста

26.12.2014 - 19:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега