Рама: Албанците се победници во регионот

Албанскиот премиер Еди Рама денеска од Приштина и порача на меѓународнатаз аедница дека треба да разбере оти Европската унија му е потребна на Балканот како што на Унијата и е потребен Балканот.

Учествувајќи во дебата на цивилно друштво, политичари и граѓани на Косово во организација на движењето Фол во Приштина, Рама рече дека Албанците денес се победници во регионот ако се спореди онаа ситуација од пред 15 години.

- Победивме како народ кој е определен за мир како народ кој никогаш не бил закана за останатите народи, и кој конечно успеа да го убеди дипломатскиот свет дека тој народ бил лишен од своите слободи и права и заслужува поддршка, нагласи Рама.

Додаде дека Албанците најмногу добиле бидејќи биле  посветени на дијалог. Тој истакна дека односите меѓу Албанија и Србија ќе ги одредат односите на ЕУ спрема Балканот и оти Косово и Албанија секогаш заедно ќе помагаат едни на други. 

 

 

Оцени ја веста

26.12.2014 - 18:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега