Од ЕУ за Србија 72 милиона евра неповратна помош

 

Србија во 2014 година од Европската унија ќе добие 72 милиона евра бесповратна помош за санација на штетите од поплавите, како и 115 милиони евра за проекти по различни сектори, најави денеска министерката задолжена за европски интегарции Јадранка Јоксимовиќ.

Таа додаде дека 62 милиона евра ќе и бидат дадени на Србија во рамки на инструменти за предпристапна помош од ЕУ, односно во рамки на т.н. проект ИПА 2, а 10 милиони евра се од механизмот за поддршка.

Јоксимовиќ во Собранието на Србија рече дека со усвојување на предлог законот за Рамковен договор на Владата на Србија со ЕУ за финансиска помош, ќе биде воспоставен правна основа за користење на средствата кои ЕУ веќе и ги одобри на Србија.

 

 

Оцени ја веста

26.12.2014 - 14:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега