Косовската полиција спречи експлозија на автомобил бомба во Приштина

 

 

Косовски полицајци спречиле обид за експлозија на автомобил бомба во главниот град Приштина, пренесе БТА.

Возачот на автомобилот бил уапсен и е на распит, изјави полицискиот портпарол Баки Келани. Во синоќешната акција полицијата дејствувала по претходно дадена дојава. Возачот бил запрен, додека се насочувал кон реонот, каде се наоѓаат повеќе западни амбасади, вклучувајќи ја и на САД.

Келани рече дека автомобилот имал српски регистарски ознаки, а возачот имал српски пасош, но не наведе од која националност е тој.

Властите предупредија за опасност од слични дејствија на исламски радикали, откако десетици од нив беа уапсени порано оваа година под сомневање дека се борат во редовите на екстремистите во Сирија и во Ирак.

 

 

Оцени ја веста

26.12.2014 - 09:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега