Гостивар во почетокот на 2015 ќе добие Пречистителна станица за водовод

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Сашо Аќимоски на денешната седница на Собранието на Република Македонија посветена на поставување на пратенички прашања во името на граѓаните од Гостивар и гостиварско, постави прашање до Министерството за екологија и животна средина во врска со Пречистителната станица за водовод во Гостивар која што веќе е во фаза на изградба. Аќимоски праша кога се планира да заврши изградбата на оваа пречистителна станиица со што граѓаните би добиле квалитетна вода за пиење.

Заменик министерот за екологија и животна средина потенцираше дека се работи за долгогодишен проблем и дека со проектот за нов цевковод и изградба на филтер станица се започна решавањето на овој проблем. Тој нагласи дека проектот е во финална фаза и дека во почетокот на 2015 година овој проект ќе биде завршен .

Аќимоски исто така побара на писмено да му биде одговорено од страна на Агенцијата за млади и спорт за изградба на повеќенаменско игралиште во населбата Циглана во Гостивар, како барање на младите од оваа населба.

Третото прашање Аќимоски го упати до Министерот за одбрана Зоран Јолески, околу вработувањето на поранешните професионални војници, односно праша колку поранешни професионални војници досега потпишале договори за вработување.

 

Јолески посочи дека Министерството за одбрана има обврска да ги вработи сите поранешни професионални војници кои се невработни. Министерот информираше дека досега договор за вработување потпишале 57 поранешни професионални војници додека двајца не сакале да потпишат вакви договори.

 

 

Оцени ја веста

25.12.2014 - 17:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа