Градоначалникот Трајковски подели пакетчиња на децата од ранливи категории во Гази Баба

Градоначалникот на општина Гази Баба Тони Трајковски ги посети дневните центри за деца од улица и за за деца со посебни потреби и СОС Детското село.

Целта на посетата, како што соопшти денеска општинската прес-служба, е предновогодишно да се дружи со децета и да им подели новогодишни пакетчиња.

Трајковски ја посети и Општинската организација на Црвениот крст Гази Баба, каде им подели пакетчиња на децата од семејства, приматели на социјална помош.

За децата од овие институции и за децата од Гази Баба кои учат во основното училиште „Иднина“, општината обезбедила 230 новогодишни пакетчиња. 

 

 

Оцени ја веста

25.12.2014 - 16:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега