Пратенички прашања: Изградбата на автопатот Скопје -Штип еден од приоритетите на Владата

На денешната 27 седница на Собранието на Република Македонија наменета за пратенички прашања, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Иван Иванов упати три пратенички прашање.

Првото прашање пратеникот Иван Иванов го упати до Министерството до земјодлество шумарство и водостопанство и се однесуваше на изградбата на браната Речани.

-Бидејќи се работи за многу голем проект би рекол историски проект со кој трајно ќе се реши проблемот со водноснабувањето  во Кочании околните наслеени места а исто така и не помалу важно е тоа што ќе се обезбеди вода за наводување за нови 1500 хектари земјоделсто земјиште би ме интересирало со која динамика е предвидена изградбата на браната.

 Одговор доби од министерот за Земјоделство шумарство и водостопанство кој истака дека проектот за изградбата на браната е изготвен оваа година и постапката за изградба на пристапниот пат до браната е веќе отпочнат и се очекува идната година патот да биде завршен.

-Откако ќе биде завршен патот нормално е дека ќе се отпочне со изградба на браната. Тендерската документација за браната е изговтвена и за избор на изведувач на браната најверојатно ќе објавиме некате во март април и очекуваме во 2015 да се избере изведувач на браната истакна министерот Цветков .  

Второто прашање кое на денешната седница го постави пратеникот Иванов беше во врска со изградбата на патот Кочани - Штип.

-Имено сведоци сме сите за забрзан економски развој на источниот дел од земјата, добрата патна инфраструктура секако претставува еден од побитните услови за развој  моето прашање е коа е предвиден почетоко и со која динамика е предвидена изградбата на експресниот пат Кочани-Штип, патен правен кој е многу важен посебно ако се гледа со изградбата на автопатот Скопје -Штип, со ова решение граѓаните и околните наслени места како и фирмите кој работат би добиле едно совреме патно решение истака Иванов.

Во врска со ова прашање одговор даде министерот за финансии Зоран Ставрески кој истака дека ова е еден од патните правици кој е во приоритетит на Владата и како такво ќе почне да се врши реконструкција на патот во 2015 година.

-Средствата се веќе обезбедени во рамките на проектите што ги одобри бордот на европската банка за обнова и развој за чети патишта да потсетам се работреше за патот од Градско до Прилеп, Кочани Штип, третиот Охрид Пештани и четвртиот е од  Древеништа до Струга истака Ставревски .

Третото и последно прашање Иванов го постави до министерот за финансии Зоран Ставревски во врска со извозниот раст од економските зони кој достигна над милјадра долари дали истот може да очекуваме да се зголеми.

 -Изградбата на слободните индустриски зони и превлвекувањата на странски компании е еден од приоритетите и столбовите на политиките на владата уште во 2006 година. За да тоа се случи потребно беше прво да ја подобриме бизнис климата , однонсо да направи Македонија да има подобар амбиент за работење и на домашните и на странските компании, истака Ставревски.

Тој додаде дека веќе се изградени 4 слободни  зони , а уште 11 други се во тек на изградба.

 

-Можеме со гордост да кажеме и со задоволство дека во 2014 година извозот на компаниите што работат во слободните зони и индустриските зони достигна над една милјарда евра односно над 30% од вкупинот извоз на стоки од Република Македонија додаде Ставрески.

 

Ставрески истка дека ефектот на работењето на фирмите во слобободните еконосмки зони се мери и по бројот на вработени кој што од месец во месец се зголемува . Преку 11.000 луѓе се вработени во фирмите кои што работат во слободните економски зони, и најави дека допрва селдуваат уште подобри бројки во тој дел односно нови вработувања.

 

 

Оцени ја веста

25.12.2014 - 16:32
Фото: 
МИА

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега