Ќе му се радуваме ли на снегот? - какво време ни носи викендот?

Времето утре во Македонија ќе биде умерено до значително облачно. Од пладневните часови ќе почне да дува умерен до засилен северен ветер, што ќе доведе до нагло опаѓање на температурата и врнежи, кои прво ќе бидат од дожд и снег, а кон крајот на денот на повеќето пониски места ќе преминат во снег. На планините ќе паѓа само снег. 

Утринската температура ќе се движи од минус два до четири, а дневната од три до 10 степени.

Во Скопје и околината ќе преовладува слично време. Утринската температура ќе се спушти до еден, а дневната ќе достигне до шест степени.

Заладување и спуштање на температурата до минус девет степени се очекува за викендот. Намалување ќе има и на дневната температура при што максимумот ќе биде четири степени, а се најавуваат и врнежи од снег на пониските места.

Пообилни врнежи се очекуваат во текот на ноќта кон сабота и во сабота претпладне кога ќе се формира и снежна покривка. Дневната температура во сабота ќе биде во просек за 10 до 15 степени пониска во однос на денешната. 

 

 

Оцени ја веста

25.12.2014 - 16:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега