Карапетрова праша за монтажно училиште во село Непроштено

Пратеничката Светлана Карапетрова од Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ денес ја искористи можноста за поставување на пратенички прашања на денешната седница и постави три прашања кои како што нагласи таа се произлезени од средбите со граѓаните.

Карапетрова прашање упати до Министерството за образование и наука и праша дали се предвидува изградба на монтажно училиште во село Непроштено, Општина Теарце, бидејќи учениците како што спомна таа во моментот учат во супстандардни услови. Заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски одговори дека предвидено е поставување на монтажно училиште во село Непроштено и дека во соработка со Општина Теарце се чека општината да постави бетонска подлога на која што би било поставено училиштето.

 

Карапетрова исто така праша за проблемот со изнаоѓање на трајно решение за објект во кој ќе посетуваат настава средношколците на македонски наставен јазик во гимназијата Кирил Пејчиновиќ во Тетово како и за  отварање на подрачна единица за Земјоделие, шумарство и водостопанство во населеното место Брвеница во Општина Брвеница, на што и беше нагласено дека ќе добие писмен одговор откако ќе се добијат информации.

 

 

Оцени ја веста

25.12.2014 - 16:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа