Ивана починала по земање на кокаин и силен анестетик

Обдукцијата утврдила дека 31-годишната Ивана Бодрожиќ во крвта имала голема количина кокаин.

Исто така, наодите покажуваат дека во телото имала голема доза од анестетикот „пропофол“, поради што довело до забавено дишење, гушење и застој на работата на срцето, неофицијално дознава српски Блиц.

Токсиколошките наоди се уште се чекаат, кои во целост ќе ги разјаснат причините за смртта на Ивана.

Се уште е непознато како таа го набавила кокаинот, а тој факт веројатно ќе остане мистерија.

Откако зела кокаин, таа не можела да заспие, па искористила две ампули пропофол.

-Како што покажа обдукцијата, комбинацијата од кокаин и пропофол била кобна за неа. Тоа и го забавило дишењето и работата на срцето, па потоа дошло до гушење и престанување на работата на срцето, вели изворот за српски Блиц.

Што се однесува до модриците кои ги имала по телото, се верува дека тие не настанале како резултат на насилство, туку посмртно како последица на злоупотребата на дрога.

Моментално се води истрага за да се дознае како Ивана дошла до анестетикот пропофол.

 

 

Оцени ја веста

25.12.2014 - 13:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега