Продолжува грижата: Субвенции за 10.000 семејства за плаќање електрична енергија

До 10 илјади семејства приматели на социјална помош ќе бидат субвенционирани за плаќање на електрична енергија. За ова денеска информираше министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов.

- Во јуни 2015 година паричната помош за оваа намена ќе изнесува 700 денари, а од јули зголемувањето ќе биде 800 денари, изјави Спасов по пуштањето во употреба на детската градинка во Истибање.

Во делот на специјализација на кадри за работа со деца со аутизам и пречки во развојот, Спасов најави обуки за вработените и нов начин на категоризација на децата.

- Во соработка со УНИЦЕФ ќе се воведе нов начин на категоризација на децата со аутизам и пречки во развојот. Ќе се организира и нова обука за вработените лица во дневните центри за деца со аутизам и пречки во развојот во соработка со Универзитетот од Колумбија, со цел да се добие во квалитет во работата со овие деца, рече Спасов.

 

 

Оцени ја веста

25.12.2014 - 12:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега