Пред Нова Година литар бензин 50 денари - големо намалување на горивата во Македонија

Надолниот тренд на цената на нафтата се очекува да донесе намалување и на малопродажните цени на нафтените деривати во Македонија. Пред една недела Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за значително намалување на цените на горивата со што безоловниот бенизни или ЕУРОСУПЕР БС95 поевтини на 65.5 денари по литар, а дизелот во моментов се точи за 56 денари за еден литар

 Пред една година, еуросупер-95 чинеше 77 денари, еуросупер-98 се продаваше по цена од 78,5 денари, еуродизел чинеше 69 денари. Тоа значи дека сегашните цени на бензините се за околу 15% пониски од ланските. Истиот период односно 17 декември во 2012 година дизелот чинел 72,5 денари за литар, додека еуросупер-95 се точеше за 80 денари, еуросупер-98 достигна 81,5 денари за литар, покажувата податоците на официјалниот сајт на Регулаторната комисија за енергетика.

Бензините во декември 2011 имаа сосема друга цена, односно тие се нудеа по пониска во однос на онаа во декември 2012 година. Така еуросупер-95 чинеше 75,5 денари, еуросупер-98 по цена од 77,5 денари и еуродизел се точи за 69 денари.

Во изминатите 5 години бензинот беше најскап во февруари 2013-та кога достигна 87 денари по литар, а најевтин во јануари 2009-та кога се симна на 47 денари.

Иако деновиве медиумите објавија вест за мало покачување на цената на нафтата, сепак на следната корекција на цената, која согласно праксата треба да се случи на 29 декември за очекување е повторно да имаме поевтинување на нафтените деривати во Македонија.

Познавачите на состојбите велат дека со ваквиот тренд  на намалување на цените на горивата, не треба да биде изнеадување ако од вторник бензинот падне под 60 денари, а дизелот под границата од 50 денари

 

 

Оцени ја веста

25.12.2014 - 12:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега