Католичките верници денеска го одбележуваат Раѓањето Христово - Божик

Католичките верници денеска го одбележуваат Раѓањето Христово - Божик. Традиционално во Македонија, централната прослава по повод празникот се одржа синоќа во Католичката црква „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје, каде имаше божикна литургија.

На литургијата присуствуваа и претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов и претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски со сопругите.

Бискупот скопски и апостолски егзарх во Македонија, Киро Стојанов, честитајќи им го празникот Божик на католичките верници на литургијата ја прочита божикната порака.

- Драги браќа и сестри, Божик е. Од година во година празнувањето на овој настан со кој започна нова ера на човештвото, длабоко го допира срцето на секој верник, но и на секој човек со добра волја. 

Собрани сме да го препознаеме повикот од големината на витлеемското Новороденче и да го следиме патот на кој не повикува апостол Павле - разумно, праведно и побожно да живееме во сегашниот свет и да ја очекуваме блажената надеж. Затоа  ние сме луѓе кои гледаме напред и со сигурност знаеме дека сите можат и да не презираат и да не отфрлат и да не нè прифатат, но Бог нема да не напушти. Со такви мисли, со надеж и загледаност во подобра иднина, која не е утопија, туку надеж зад која стои Божествено ветување и исполнување, Ви посакувам благословено Рождество Христово - Божик.

Ве молам само едно, ако денес некој тропне на вратата на вашата совест, некој кој бара прием во побожноста и праведноста примете го зашто во тој човек - барател е Исус Христос. Ви посакувам благословено дружење со Исус во Витлеем - Исус во вашите срца. Христос се роди!, рече бискупот скопски Киро Стојанов на божикната литургија. 

 

 

Оцени ја веста

25.12.2014 - 09:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега