ВНИМАВАЈТЕ: Важна информација за сите кои ќе седнат зад воланот

Поради појава на магла видливоста на патниот правец Градско-Неготино е намалена на 20 до 30 метри, а кај Неготино-Демир Капија на 100 до 200 метри.

Сообраќајот на сите државни патишта во Македонија се одвива без забрани, по наместа влажни коловози. Поради ниските утрински температури, на некои осојничави места можна е појава на голомразица. 

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, каде е можна почеста појава на одрони.

 

 

Оцени ја веста

25.12.2014 - 09:13
Фото: 
кичево.мк

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега