Најверојтно останавме без најдобрите ТВ канали во Македонија: Кабелските оператори велат да почекаме

Корисниците на кабелските оператори ќе мораат да го почекаат епилогот од спорот помеѓу исклучените ТВ-канали и надлежните институции, а во зависност од исходот ќе знаат дали дел од омилените програми ќе им бидат вратени на менито или, пак, ќе бидат заменети со нови. Намалување на претплатата нема да има. 

Веќе трета недела на кабловските телевизии низ земјава не може да се следат програмите на Нешнл џиографик, Фокс лајф, Фокс крајм, ОБН, Хепи, Б92 и на уште неколку ТВ-канали, кои добија забрана за емитување поради непочитување на Законот, како што објаснија од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. Имајќи предвид дека дел од нив имаа значителна гледаност кај нас, а дополнително со веќе „заборавените“ хрватски телевизии, корисниците реагираат и бараат за парите што ги плаќаат да добиваат соодветна услуга. 

Целата анализа прочитајте ја во Утрински

 

 

Оцени ја веста

25.12.2014 - 00:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега