Нов закон: Од 1 јануари нема регистрација на автомобилот ако многу чади

Од први јануари 2015 година на сила ќе стапи нов закон со кој ќе се воведат построги казни за станиците за технички преглед во случај на неконтролирање на издувните гасови кај возилата во постапка на регистрација.

Законските измени се скроени, а наскоро за нив ќе расправаат и пратениците. Но, не само парични казни, за оние што нема да ги почитуваат одредбите од законот може да се случи да бидат затворени.

„За да се спречи загадувањето на атмосферскиот воздух и да се пресметаат количините на издувни гасови, потребно е превземање на построги казни во станиците за технички преглед во случај на неконтролирање на издувните гасови  кај возилата во постапка на регистрација на истите, односно е потребно да се интервенира во Законот за возила, стои во објаснувањето на законските измени.

На ваквиот чекор, ресорните министерства за економија и внатрешни работи се одлучиле иоткако утврдиле дека:

„Станиците за технички преглед и покрај законската обврска што ја имаа за мерење на издувните гасови истата не ја извршуваа од причина што не беа пропишани казни за непостапување по наведените одредби, е наведено во објаснувањето на измените на Законот за возила.

Дополнително, со законските измени е предвидено дека доколку се контролираат издувните гасови кај возилата во постапка на регистрација, возилата кои не ги исполнуваат пропишаните услови нема да бидат регистрирани со што значително ќе се намали бројот на возила кои вршат зголемено загадување на воздухот, со што ќе се намали загадувањето и ќе се зголеми квалитетот на воздухот.

 

 

Оцени ја веста

24.12.2014 - 22:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа