Оние кои учат нема да имаат проблеми со полагање на државниот испит

Во јавната расправи во врска со воведувањето на државен испит на високообразованите институции во државата, што се спроведоа во овие 10-тина дена кога минситерот за образование и заменикот беа во Битола, Тетово, Штип, на Штуловиот универзитет и направија неколку јавни расправи добивме добри информации кои што ги вградивме во законот коишто не постоеа во првичната верзија.

Ова го истакна премиерот Никола Груевски за време на неговото гостување во вестите на Канал 5 телевизија. Тој додаде дека на последната Владина седница беше овозможено  20 посто од испитите да не мора да има 60 отсто одговорени прашања туку да може и со половина од тоа.

-Исто така овозможивме три до четири други олеснувања што ги немаше во првата верзија и во оваа јавна расправа која продолжува во Парламентот, бидејќи законот се уште не е усвоен, а и секоја дебата на телевизија е еден вид јавна расправа а не само собирањето на округла маса во некој универзитет, така да се што ќе чуеме корисно што ќе помогне се до оној степен додека не се доведе во прашање знаењето – само тука не би требало да има компромис, а за се друго може да се разговара, посочи премиерот.

Тој рече и дека во целата оваа работа влегуваат со една многу благородна и здрава мисла, и дека се спремни да го ризукуваат личниот рејтинг.

 

 

 

 

Оцени ја веста

24.12.2014 - 20:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега