Груевски изрази оптимизам за повеќе нови инвестиции

Премиерот Никола Груевски при гостувањето во вестите на Канал 5 телевизија изрази оптимизам за повеќе нови инвестиции. Груевски вели дека напорите продолжуваат и во континуитет работат на привлекување на инвестиции.

-Очекуваме ВЕИБО наскоро да ја почне градбата на фабриката. ВЕИБО веќе во Ранковце започна со средување на самиот терен и тоа го прават мошне брзо, веќе има механизација во зоната во Ранковце. Тие сега се во фаза, со целосна градежна механизација го подготвуваат теренот, за после да ги градат фабриките и да почнат да вработуваат луѓе, околу 5.600 луѓе треба да се вработат таму, рече Груевски.

Груевски најави дека исто така, има најави во брзо време да дојдат инвестиции во различни други делови на Македонија.

-Кол-центри се најавени , кои вработуваат по 500, 1000, па и до 2000 луѓе. Продолжуваме со силно, со жестоко темпо за решавање на еден од клучните проблеми во Македонија, невработеноста. Сакаме да опстоиме со сите добри  аргументи  кои ќе ги чуеме и превземеме во настојувањето на сите овие други процеси кои се одвиваат. Не би сакал еден ден да се изгради зграда која ќе падне затоа што ја изградил градежен инженер кој си ја купил дипломата, рече Груевски.

 

 

 

 

 

Оцени ја веста

24.12.2014 - 20:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега