Компании се интерисираат за концесија и градба на автопатот Кичево-Гостивар

Работата за изградбата на автопатиштата се одвива согласно предвиденото и во источна и во западна Македонија, истакна премиерот Никола Груевски во гостувањетово вестите на Канал 5.

-Ангажирани се 1.500 работници од кои што дури 1.100 се од Македонија. Ангажирана е голема градежна механизација од коишто најголем дел - околу 80 отсто и повеќе се од македонски компании. На пример на автопатот Скопје-Штип има 215 машини што се ангажирани, од коишто 174 се од Македонија. На другиот дел од 190 машини 182 се од македонски компании. Тоа влијае на вработеноста, а долгорочно ќе влијае многу и на комуниакциската поврзаност помеѓу регионите, посочи Груевски.

Тој нагласи дека е значајно што и за следната година имаат голем број активности планирани на ова поле.

-Кон средината на следната година ќе започне изградбата на експресниот пат Штип-Кочани, потоа градбата на експресниот пат Градско-Прилеп, а к он крајот на идната, најдоцна на почетокот на 2016 година ќе започне изградбата и на автопатот Требеништа-Струга, како и експресниот пат од Охрид до Пештани, потенцираше премиерот.

Тој додаде дека имаат начелна согласност од крупна меѓународна компанија која посочила дека ќе се јави на престојниот оглас кој ќе биде објавен за изнаоѓање на концесионер за автопатот Кичево-Гостивар.

Доколку ги прифатат условите, кои засега според компанијата се согласни, во Македонија ќе има изградба на уште една скапа автопатска делница.

Премиерот посочи дека и понатаму продолжуваат да работат на изградба и реконструкција на помалите регионални и локални патишта.

 

 

Оцени ја веста

24.12.2014 - 19:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега