Груевски: „Костал“ ќе учествува во извозот со 170 милиони евра

Новата германска компанија „Костал“ која одлучи да инвестира во Македонија, во слободната зона Охрид-Струга, ќе има учество во извозот со 170 милиони евра годишно кога инвестиција ќе се комплетизира.

 

Ова го истакна премиерот Никола Груевски во денешното гостување во вестите на Канал 5 при што истакна дека во првите три-четири години учеството во извозот ќе изнесува 60 милиони евра.

 

-Компанијата во првите три-четири години планира 450 вработувања, а со комплетизацијата директно ќе се вработат 1.000 лица. Во првите години инвестицијата на компанијата е 35 милиони евра, а при целосното завршување за околу 6 години инвестицијата на германската компанија ќе изнесува 70 милиони евра, посочи Груевски.

Тој нагласи дека е добро тоа што компанија која произведува електронски делови за автомобилската индустрија, се одлучила да инвестира токму во овој регион, бидејќи ќе се отворат голем број нови работнии места што ќе придонесе за намалување на бројот на невработеноста.

„Костал“ ќе започне со бранфилд инвестиција, а потоа ќе започнат да ја градат својата фабрика.

 

Премиерот оваа инвестиција ја најави уште во март месец на митингот во Струга, каде пред граѓаните изјави дека германска компанија ги информирала дека донела интерна одлука за инвестирање, но името поради деловна етика, не можеше да се соопшти.

 

 

Оцени ја веста

24.12.2014 - 19:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега