Средба на Вељаноски со шефовите на Дипломатско-конзуларните претставништва во странство

Претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски денеска во Министерството за надворешни работ се обрати на работниот состанок на шефовите на Дипломатско-конзуларните претставништва на Република Македонија во странство.

Вељаноски, како што соопшти МНР, го истакнал значењето на парламентарната дипломатија, која претставува значајна алатка на надворешната политика, комплементарна на традиционалната дипломатија. Контакти со членови на парламенти од други држави, особено НАТО и ЕУ членки, се важни за зближување на Република Македонија со тие држави и на тоа поле. Тој ги запознал присутните со моменталните случувања и работата на Собранието и со идните активности.

 

На средбата, како што е наведено во соопштението на Собраниската прес-служба, било разговарано и за европската и евроатланската интеграција на Република Македонија, како врвен стратешки интерес и надворешно-политички приоритет, како и значајната улога која ја зазема Собранието во овие процеси.

 

Македонските дипломати ги информирале присутните за актуелните случувања и состојби во државите и мисиите каде што ја претставуваат нашата држава и нејзините интереси. Биле потенцирани можностите за подобрување и продлабочување на односите на сите нивоа со цел зацврстување на позицијата на Република Македонија на надворешно-политички план.

 

На состанокот свое излагање имале и потпретседателот на Собранието и претседател на Комисијата за надворешна политика Антонио Милошоски и претседателот на Комисијата за европски прашања Ќенан Хасипи.

 

 

 

 

 

Оцени ја веста

24.12.2014 - 18:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега